Д-р Чадиковски: По 40 дена неизвесност двете бебиња родени со најтешки срцеви мани си одат дома

Д-р Чадиковски: По 40 дена неизвесност двете бебиња родени со најтешки срцеви мани си одат дома

пред 5 години

По 40 дена борба и неизвесност, двете бебиња Раја и Мираче родени со најтешки вродени срцеви мани си одат дома. Кај нив беа изведени интервенции за транспозиција на големи крвни садови – TGA.  Целиот тим на детска кардиохиругија предводен од доц. д-р Владимир Чадиковски, се грижеше по интервенцијата се да помине како што треба. По  40 дена низвесност конечно солзи радосници .

„После 40 дена борба две бебиња ( 2.2 кг и 2.8 кг.) со најтешки вродени срцеви мани” транспозиција на големи крвни садови (TGA)”,си заминуваат дома. Им посакувам да имаат убаво и среќно детство. Браво за цел тим.“, вели доктор Чадиковски.

Од болницата „Аџибадем Систина“ кој ја споделија и веста велат : Среќен ден на Одделот за детска кардиохиругија. Солзи радосници и силни прегратки за малите Раја и Мираче. Двете бебиња родени со најтешки вродени срцеви мани, кај кои беа изведени интервенции за транспозиција на големи крвни садови – TGA, денес си заминуваат дома. Борбата и неизвесноста на одделот траеја 40 дена, а од денес двете бебиња ќе уживаат во прегратките и топлината на своите семејства

 

 

Share
Scroll to Top