Зеленчук како основа на сите оброци, вака холивудската актерка Ева Лонгорија успеала по бременоста да ослаби 20 килограми, со тоа што во нејзиниот начин на исхрана вметнала здрави навики.
Менито на Ева се променило бидејќи почнала да јаде повеќе зеленчук, главно спанаќ, секојдневно јадела брокула и пршута, а шеќерот целосно го елиминирала. Само еден ден во неделата им се препуштала на двете омилени задоволства: пица и чипс.
Според списанието Women’s Health, Лонгорија го почнува денот со пржени јајца и свежо овошје. Јаде варено месо и зеленчук. За вечера на менито има риба и зеленчук, а како ужина јаде свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.
Во диетата на Ева Лонгорија пресудна е и физичката активност. Таа е физички активна со возење велосипед секој ден, практикува пилатес од три до пет дена во неделата. Актерката скока и на трамболина како кардиотренинг, и тоа секој ден од 20 до 30 минути.