Ева Рас: Никогаш не ја дознав вистината за смртта на ќерка ми

Ева Рас: Никогаш не ја дознав вистината за смртта на ќерка ми

пред 4 години

Српската актерка Ева Рас, која на 1 јануари ќе полни 80 години, не крие дека нејзиниот живот отсекогаш го следеле трагедии. Научила да живеее сама, со спомените, а само понекогаш во јавноста раскажува за најтешките моменти во животот, смртта на ќерка ѝ Круна, која починала на 24 години, за смртта на сопругот сликар Радомир Стевиќ и за борбата со ракот. Од сè што преживеала низ годините, вели дека најмногу жали што никогаш не ја дознала вистината за смртта на ќерка ѝ.

По шест години брак со Радомир Стевиќ – Рас, по многу тешкотии и проблеми, Ева ја родила ќерката Круна.

„Цело време сакавме да имаме дете, но јас ги губев бебињата. Еднаш ми се случи спонтан абортус додека го снимав филмот ‘Човекот не е кучка’ во Бор. Како ме пуштија од болница, влегов во автомоб и отидов во рудникот Бор, се качував на оџак, возев локомотива и за цело тоа време крварев“, се сеќава Ева во интервју за „Курир“.

Таа раскажала дека со сопругот биле многу изненадени гога сфатиле дека нивната ќерка чита титлови од телевизија на две и пол години.

„Мајка ми го забележала тоа и ни кажа што видела. Двајцата бевме во шок, а таа гледа во нас и чека што ќе кажеме. Рас ѝ рече: ‘Изненадени сме што знаеш да читаш’, а таа му одговори: ‘Знам и да пишувам’. ‘Па, како така?’ ја праша Рас, а таа му рече: „Штом знаете вие и јас треба да знам’. Круна беше одлична ученичка, обожаваше да оди на училиште. Додека студираше филмска режија, добила стипендија од Франција, бидејќи зборуваше француски од 5-годишна возраст. Го прашале режисерот Горан Паскаљевиќ дали познава некој што би сакал да студира режија на филм како студент гостин во Париз, и тој се сетил на Круна.

Горан беше очаен кога таа почина во Париз. Тоа беше страшно. Тој ден требаше да одам на премиера во Суботица и ја чекав колата да ме земе. Ѕвони домофонот, велам дека веднаш ќе се симнам долу, и тие ми велат: ‘Не, ќе дојдеме кај тебе’. Тројца полицајци дојдоа во мојот стан и ме прашаа дали ќерка ми е во Париз, а јас реков: ‘Па, сега е таму’ и тие ми рекоа: ‘Таа почина!’. Така дознав. Тие рекоа дека не знаат ништо за тоа, но ме испратија во Министерството за надворешни работи да ми кажат детали. Ни тие таму не знаеја ништо. За да ме утешат, претпоставувам, ми рекоа: ‘Ако никој не знае ништо, можеби вашата ќерка е жива’. Некако ме држеше тоа, се надевав дека навистина е така“, вели глумицата во интервјуто.

Три дена потоа, полицијата ѝ потврдила дека ќерка ѝ е мртва.

„Беше 3 јули 1993 година. Со помош на министерот за надворешни работи и некои други луѓе, едвај успеав да го депортирам телото на Круна и да ја закопам тука. Заедно со ковчегот, добивме и извештај за обдукција. Француската полиција не откри ништо и напиша дека таа починала од природна смрт. Подоцна им реков на моите кумови дека таа можеби се вмешала во некои мрачни работи, политика во Париз и затоа француската полиција го напиша тоа во извештајот. Никогаш не ја дознав вистината за нејзината смрт, тоа ми е криво. Но, така сакал Господ“, додала таа.

Познатата филмска и театарска глумица, долги години живее сама во нејзиниот стан на Врачар. Но, таму нема семејни слики, вели, по смртта на сопругот, решила засекогаш да ги тргне од собите.

„Јас не сум човек што живее од спомени. Кога ми починаа родителите, Круна и на крај Радомир, ги собрав сите слики, ги залепив со селотејп и ги ставив во кутија. Не сакав Круна и семејството да ги претворам во фотографии. Сакав да останат да живеат во оваа куќа колку што ќе ме држи сеќавањето за нив. Другите луѓе го прават спротивното, ги претвораат своите мртви во слики, но јас не можам“, рекла таа.

Share
Scroll to Top