Македонката Ева Јовановска освои две титули за убавина на светскиот избор „Мис туризам јуниверз 2022“ што се одржа во Бејрут, Либан. Ева стана Мис тинејџерка и доби лента за шеста придружничка на победничката.
Ева е член на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за организација на овој избор на убавина за Македонија.
Неодамна уште четири девојки од „Црнокрак“ добија титули, на изборот за светски топ модел, кој исто така се одржуваше во Либан.