Евросонг со нови правила: Го исфрли жирито, а може да гласаат и земјите што не учествуваат

Евросонг со нови правила: Го исфрли жирито, а може да гласаат и земјите што не учествуваат

пред 2 години

Европската радиодифузна унија соопшти дека од следната година ќе има нови правилата за гласање, па во полуфиналињата ќе гласа само публиката без жири, а ќе се воведе и онлајн гласање, поради што свој глас ќе може да дадат и земјите што не се натпреваруваат.

Во соопштението на ЕБУ стои дека главната промена се однесува на полуфиналните вечери. Новите правила велат дека десетте најдобри песни ќе се избираат само со гласовите на публиката, наместо комбинација од телевоутинг и жири, како што беше од 2009 година навака.

Првпат во историјата на натпреварот ќе се воведе и онлајн гласање за гледачите во земјите кои не учествуваат на Евровизија, па така, иако догодина Македонија нема да учествува, сепак ќе може да даде гласови за полуфиналињата и во финалето. Онлајн гласовите од земјите што не учествуваат, ќе бидат преброени и ќе бидат претставени како гласови на една земја и во полуфиналето и во финалето.

„Гледачите во земјите кои не учествуваат ќе можат да гласаат преку онлајн платформа, користејќи ја нивната платежна картичка“, велат од ЕБУ.

Членови на стручното жири ќе гласаат само во финалето на Евросонг.

В година Евросонг ќе се одржи во Ливерпул. Велика Британија ја презеде организацијата на натпреварот наместо годинешниот победник Украина, поради воената состојба и безбедносната ситуација во земјата.

Македонија го откажа своето учество, а се откажаа и Црна Гора и Бугарија.

Share
Scroll to Top