Еден од основачите на „Гугл“ се подготвува за апокалипса, Лари Пејџ купи засолниште во Нов Зеланд за 10 милиони долари

Еден од основачите на „Гугл“ се подготвува за апокалипса, Лари Пејџ купи засолниште во Нов Зеланд за 10 милиони долари

пред 3 години

Eден од основачите на „Гугл“, Лари Пејџ, е последен во низата на богаташи кои се преселија во државата која важи за најдобро засолниште од апокалипса. Американскиот милијардер доби засолниште во Нов Зеланд, потврдија властите од оваа земја.

Пејџ инвестираше во засолниште кое го чинеше 10 милиони новозеландски долари, односно, околу седум американски. Засолништето според планот и договорот мора да се заврши во период од три години.

Пејџ е еден од основачите на „Гугл“ чија вредност на имот му е проценета на 116 милијарди долари. Тој стигна во Нов Зеланд во јануари годинава кога границите на оваа земја официјално беа затворени поради пандемијата со коронавирусот.

Владата со премиерката Џасинда Ардерн на чело, му одобри влез во земјата, под изговор дека на неговиот син му е потребна итно медицинско лечење. Пејџ во ноември поднел барање за државјанство, но, истото не можеше да се процесуира затоа што во тоа време беше надвор од територијата на оваа држава.

Откако влезе во земјата во јануари, тој веќе во февруари поднесе барање за државјанство.

„Влезот на Пејџ беше во рамки на сите процедури поврзани за итни медицински случаи“, рече Ендру Литл, министерот за здравство на земјата, во своето обраќање пред пратениците во парламентот.

Синот на Пејџ се наоѓал на островот Фиџи, кога морал да биде евакуиран поради лекарската интеренција. Тогаш бил префрлен на територијата на оваа држава. Критичарите тврдат дека тој го изиграл системот и дека не бил толку загрозен, за да морал да се евакуира.

Блгаодарение на неговиот татко, на него му бил одобрен влез во земајта во моментот кога на сила бил строг карантин и забрана за влез поради пандемијата со коронавирусот.

Пред Лари Пејџ, државјани на оваа земја станаа и Питер Тил, германско американски милијардер и коосновач на „Пејпл“ и еден од инвеститорите во „Фејсбук“. Потоа и Рид Хофман, основачот на „Линдекин“, стана државјанин на оваа земја, исто како и познатиот режисер Питер Џексон.

Тој на Нов Зеланд ја сними трилогијата на „Господар на прстените“ и „Хобит“. Интересно, Питер Тил не дојде на Нов Зеланд по пасош, туку свечената церемонија на добивање на државјанство, била одржана во конзулатот на Нов Зеланд во Санта Моника во Калифорнија.

„Имаме голем број доктори и медицински сестри кои се заглавени во бирократијата додека чекаат на државјанство, а тогаш се појави Лари Пејџ и бум, оддеднаш добива дозвола за да престојува“, вели Кејти Армстронг, советник за имиграција.

Пејџ во 2019 година се повлекол од местото извршен директор на „Алфабета“, но, останал член на бородот на директори инајголем акционер. Британскиот институт за глобална одржливост неодамна го прогласи Нов Зеланд за најдобра земја, каде може да се преживее колапсот на западната цивилизација. Во прашање е најизолираната држава на светот.

 

Share
Scroll to Top