Животот во Ватикан отсекогаш бил мистерија за луѓето. Папите и нивните помошници кријат тајни за кои и денес не се знае многу. Но, постојат интересни факти кои се достапни во јавноста: еден папа имал пилотска дозвола, друг го обожавал ѓаволот, трет, пак, умрел во заробеништво… Ова се некои од тајните на Ватикан.
1. Кога папата Бендикт Шеснаесетти си даде оставка зборувајќи на латински, само една новинарка од италијанската агенција „Анса“ ја разбра содржината на неговата порака. Целиот свет дозна за оставката на папата дури кога таа ја објави веста.
2. Папата Фабијан, кој бил на служба од 236 до 250 година, воопшто не бил именуван како кандидат за папа. Тој дошол во Рим за да присуствува на изборот на новиот епископ, но додека траела целата церемонија, на неговото рамо слетал гулаб, што означувало божји знак дека тој треба да е избран, па Фабијан веднаш бил прогласен за епископ.
3. Папата Пјер Дванаесетти, кој бил избран во 1939 година, бил критикуван бидејќи му се спротиставил на Хитлер. Во тоа време папата помогнал и организирал спасување на 860.000 евреи во Европа.
4. Ватикан никогаш не бил симбол на скромност и сиромаштија. Отсекогаш папите поседувале луксузни автомобили, со кои се движеле меѓу луѓето. Исклучок е папата Франциско, кој сакал син „форд фокус“.
5. Папата Бенедикт Шенсаесетти никогаш не научил да вози автомобил ниту, пак, поседувал возачка дозвола. Но, затоа имал пилотска лиценца и управувал со мал авион и хелиКоптер, кои биле сопственост на Ватикан. Често го користел хелиКоптерот за да стигне до папската резиденција.
6. Пред да стане папа, Пиј бил познат по разните професии вклучувајќи ја и книжевноста. Тој ја напишал книгата „Приказна за двајца љубовници“. Ова е приказна за забранета љубов помеѓу една жена и осамен маж. Папската еротика станала една од најпродаваните книги во целиот петнаесетти век.
7. Папата Лав Петти имал куче што јадело заедно со него. Тоа им сметало на некои луѓе, па му дале отров на кучето. Папата веднаш наредил да му се направи клизма од чисто злато оти мислел дека така ќе го спаси, но кучето не преживеало.
8. Папата Целестин Петти бил папа цели пет месеци. Се повлекол од престолот кога удрил со главата во ѕидот. Тогаш тој одлучил да се врати на својот монашки живот, кој го водел пред да биде прогласен за папа. Меѓутоа, неговиот заменик, папата Бонифацие Седми, го затворил за да не може повторно да се врати на престолот. Умрел во заробеништво на 19 мај 1296 година.
9. Папата Јован Седумнаесетти умрел среде секс со мажена жена. Некои велат дека ова не е вистина, туку дека мажот ги фатил среде секс, па дека тој го убил папата. Јован Седумнаесетти е познат и по тоа што за своето здравје му се заблагодарувал на ѓаволот.
10. Папата Иносент Трети во 1209 година прогласил сурова војна против кралевите, противниците на феудализмот и црковната хиерархија. Неговиот гласник го прашал како да ги разликува католиците од муслиманите, а папата одговорил: „Убиј ги сите, Господ си го знае своето!“