Единаесетгодишниот Ајдин Османовиќ со втор концерт во Македонија на кој ќе пее стари традиционални песни

Единаесетгодишниот Ајдин Османовиќ со втор концерт во Македонија на кој ќе пее стари традиционални песни

пред 12 месеци






Единаесетгодишниот Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ ќе одржат втор концерт во Македонија. Поради големиот интерес кај македонската публика, од општината Крива Паланка најавија дека ќе одржат уште еден концерт во Центарот за култура во градот.

„Бев навистина пријатно изненаден кога по првата објава за концертот на младиот Ајдин ми се јавија голем број луѓе и ми рекоа дека сакаат да дојдат. Затоа решивме да направиме уште еден“, рече градоначалникот Сашко Митовски.

Концертот ќе се одржи на 24 мај, со почеток во 19 часот, а како и претходно и овој пат на Ајдин ќе пее стари традиционални македонски песни.  За потсетување, тој стана миленик на публиката во Македонија со неговите изведби на „Јано Мори“ и „Македонско девојче“.






Share
Scroll to Top