Единствениот објект кој ги преживеа двата силни земјотреси во Кахраманмараш е зградата на Комората на градежни инженери

Единствениот објект кој ги преживеа двата силни земјотреси во Кахраманмараш е зградата на Комората на градежни инженери

пред 2 години

Единствената зграда во градот Кахраманмараш во јужна Турција која ги преживеа двата силни земјотреси е Зграда на провинцискиот претставник на Комората на градежни инженери на Кахраманмараш.

Неколку дена по земјотресите, на Твитер се појави фотографија на која се гледа само една градба, која е недопрена и нема никакво оштетување.

Инаку Кахраманмараш е градот кој е еден од најпогодените кога во понеделникот утрото го погодија два земејотреси. Првиот пат со јачинана од 7,8 и вториот со 7,5 степени според Рихтеровата скала.

„Зградата на фотографијата е Зграда на провинцискиот претставник на Комората на градежни инженери на Кахраманмараш. Не се потребни повеќе зборови. Науката и инженерството се доволни за да се изградат објекти кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Сѐ додека науката и технологијата се пременуваат во корист на народот“, напиша Мхир Уктраш од чиј профил на Твитер беше споделена фотогрфаијата.

Инаку фотографијата беше повод да се започне дебата како и зошто се урнаа зградите, а зградата на градежните инженери остана недопрена.

Share
Scroll to Top