Една година без рак: Бомбакис на транспарент напиша емотивна порака за себе

Една година без рак: Бомбакис на транспарент напиша емотивна порака за себе

пред 3 години

29-годишниот Кристијан Станковски, кој во јавноста стана познат како дечкото со транспарентите, Бомбакис, овојпат на картон напиша порака што се однесува на него. „Една година без рак“, стои на транспарентот од картон, а ја објави на социјалните мрежи.

„Овој картон не е ставен за да ме жалите. Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш. Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент. Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите). Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема. Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас??? Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива!!! На тој начин ќе почнете да живеете… Само здравје!“, напиша Бпмбакис во пораката.

За потсетување, неговите интересни и позитивни пораки му донесоа голема популарност за кратко време. Тој се сликаше и со Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Викторија Лоба и многу други, но и со негови пријатели и на обични и необични места во земјава, од каде секогаш испраќа забавни, позитивни пораки.

Share
Scroll to Top