Ед Ширан собра 500.000 фунти во добротворни цели

Ед Ширан собра 500.000 фунти во добротворни цели

пред 3 години

Британскиот пејач и композитор Ед Ширан помогна да се соберат 500.000 фунти за добротворни цели, за деца и млади со инвалидитет и тешки болести во Источна Англија. Тој за акцијата Ed Sheeran: Made in Suffolk Legacy Auctionдаде на аукција 220 лични предмети и работи кои му се драги спомени, а ги собирал низ годините.

Ширан и самиот даде донацијата од 100.000 фунти за добротворната организација која на крајот успеа да собере пола милион фунти. Најмногу пари на аукцијата беше слика што ја нацртал Ед, а се продаде за 40.000 фунти, како и рачно напишан текст на песната Perfect, кој се продаде за 23.500 фунти.

Другите најпопуларни понуди на аукцијата вклучуваа и уметнички принт од Демиен Хирст кој се продаде за 20.000 фунти, страница од сценариото на филмот „Всушност, љубов“ за 17.000 фунти, и „ПРС Силвер скај“ гитарата на Џон Мајер за 5.100 фунти.

Share
Scroll to Top