Еко иницијатива во Прилеп: „Комуналец“ и „Станица 5“ го чистеа просторот околу Вештачкото езеро

Еко иницијатива во Прилеп: „Комуналец“ и „Станица 5“ го чистеа просторот околу Вештачкото езеро

пред 5 часа

НВО „Станица 5“ и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп организираа еко акција за чистење на излетничките, шумските и зелените површини околу Вештачкото езеро во Прилеп.

Во акцијата учествуваа доброволци и еко активисти, кои го собираа отпадот оставен од посетителите по мајските прослави. Според организаторите, биле собрани повеќе од 5 метри кубни отпад, кој потоа бил транспортиран и одложен на депонијата во Алинци.

Од „Комуналец“ и НВО „Станица 5“ апелираат до граѓаните при посетата на ова рекреативно место отпадот да го собираат и да го одложуваат во контејнерите поставени на три локации околу спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“.

Еко акцијата беше реализирана во рамки на иницијативата „Зелен петок“, со порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност на сите граѓани.

Share
Scroll to Top