Фолк-пејачките Елена Велевска и Ирена Спасовска, денеска беа на заеднички ручек во еден од скопските ресторани. Ирена се пофали со заедничка фотографија и напиша дека храната е повкусна кога е зачинета со убаво друштво.
Во екот на пандемијата и двете пејачки прават пауза од настапите.
За потсетување, на почетокот на годината, Ирена објави дека за првпат во својата кариера Новата година ја поминала во домашна атмосфера и дека нејзините обожаватели не можеле да имаат дочек во кој таа ќе ги забавува.
Ирена Спасовска: Пола милион легна на сметка на музичарите, а јас првпат славев Нова година дома