Елизабет Харли снимена на премиера на мјузикл во Лондон, дојде во придружба на нејзиниот син

Елизабет Харли снимена на премиера на мјузикл во Лондон, дојде во придружба на нејзиниот син

пред 3 недели

Елизабет Харли и нејзиниот 22-годишен син Демијан присуствуваа на премиерата на новата претстава на Елтон Џон „Ѓаволот носи Прада“ во Лондон.

59-годишната актерка се појави во долг фустан со дезен, а Демијан за оваа пригода избра црна облека – црна кожна јакна, панталони, маица и чевли. Насмеаната мајка и син им позираа на фотографите на црвениот тепих.

Многумина често истакнуваат дека Демијан многу личи на неговата мајка. Дипломирал минатата година и оди по стапките на мајка си. Се занимава со глума и манекенство, а наводно ќе заплива и во режисерски води.

Минатата година Демијан го режираше својот прв филм, еротскиот трилер Строго доверливо. Неговата мајка глуми во еротски сцени во филмот. Елизабет пред повеќе од 10 години му ветила на својот син дека ќе глуми во неговиот филм. Инаку, Елизабет го доби синот Демијан со поранешниот партнер Стив Бинг.

Share
Scroll to Top