Пејачот Елтон Џон итно бил пренесен во болница откако се здобил со повреди по пад во неговата вила во Ница, Франција.
Елтон Џон (76) итно бил пренесен во болница во соседниот Монако по инцидентот доцна во неделата вечерта, изјавил неговиот тим за „Мирор“. Музичарот бил префрлен на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако каде бил прегледан од страна на лекарите.
Портпаролот на Елтон Џон потврди за Би-би-си дека пејачот ја посетил болницата поради мерки за претплазливост.
„Можеме да потврдиме дека Елтон се лизнал во својот дом на југот на Франција и дека превентивно ја поминал ноќта во болница“, пишува во соопштението од неговиот тим и се додава дека музичарот е во добра состојба и е дома:
„По прегледот, утринава веднаш е отпуштен од болница, се врати дома и е во добра здравствена состојба.