Емили Блант му порача на Џон Красински: Титулата за најзгоден треба да ја заслужиш и дома

Емили Блант му порача на Џон Красински: Титулата за најзгоден треба да ја заслужиш и дома

пред 1 ден

Џон Красински ја сподели урнебесната реакција на неговата сопруга Емили Блант откако магазинот People го прогласи за најсекси маж на светот. Актерот (45) признал дека бил изненаден и збунет поради доделената титула, додека неговата сопруга Емили (41) била воодушевена што тој е прогласен за најсекси маж.

Џон вели дека Емили била многу возбудена кога ја слушнала големата вест. Актерката дури и се пошегува пред објавата на People дека ако нејзиниот сопруг ја освои титулата, таа ќе ја излепи куќата со корици од списанија.

Откако беше прогласен за овогодинешниот победник, Џон изјави за People: „Имаше многу радост кога и кажав“. Покрај тоа што зборуваше за титулата, Џон ја пофали и својата сопруга: „Тоа е прекрасната работа во тоа да се биде во брак со некого – постојано учиш, се менуваш и се развиваш. И јас сум навистина среќен што поминувам низ сето тоа со неа.

Сепак, тој се пошегува дека новата титула нема да му помогне дома и ќе го натера уште повеќе да ги извршува домашните работи: „Таа ќе рече: „Во ред, сега треба да ја заработиш овде дома“.

Емили и Џон се во брак 14 години и се родители на две ќерки – Хејзел (10) и Вајолет (8).

Share
Scroll to Top