Емотивната Мајли Сајрус се присетува на своето минато: Бев дива и грешев, но беше забавно

Емотивната Мајли Сајрус се присетува на своето минато: Бев дива и грешев, но беше забавно

пред 1 година

Изгледа дека Мајли Сајрус повеќе не се чувствува толку млада. Во петокот, пејачката ѕвезда го претстави новиот спот за песната Used to be Young во кој се навраќа на деновите на забава и се помирува со фактот дека повеќе не е личноста каква што била некогаш.

„Оваа песна е за да ги почитуваме оние што сме биле, да се сакаме тоа што сме и да славиме кои ќе станеме“, вели Сајрус за баладата во соопштението за печатот, пренесува „Пипл“.

„Се чувствувам горда кога размислувам за моето минато и оптимист кога размислувам за иднината. Благодарна сум на моите верни фанови кои секојдневно ми ги остваруваат соништата. Јас сум навистина благодарна за вашата постојана поддршка. Ова е песна за тебе“, рече пејачката.

Во текстот на песната Сајрус пее за тоа како го поминувала времето на забави и изразува дека не жали за тие искуства.

„Знам дека бев луда-погрешив, но боже, беше забавно. Знам дека бев дива. Но тоа е затоа што бев млада“, пее Сајрус.

Во едноставното видео, Сајрус оди по темна патека, пред да застане пред камерата. Таа носи маица на Мики Маус која веројатно алудира на нејзините денови во Дизни како Хана Монтана. Мајли плаче во поголемиот дел од видеото, а кон крајот е насмеана, што сугерира дека го прифатила своето минато.

Мајли го опишува снимањето на видеото како емотивно бидејќи можела да ја види својата мајка Тиш Сајрус на камерата за време на снимањето.

„За да можевме да се видиме и кога таа танцуваше, тоа ме расплака и насмеа, ми извади толку многу емоции што мислам дека буди вистински емоции кај луѓето, што мислам дека не ги гледаме често овие денови“, рече Сајрус.

Used to Be Young е првиот сингл на Мајли од март и нејзиниот албум Endless Summer Vacation, на кој се најде хитот Flowers.

 

Share
Scroll to Top