Емоции, љубов, музика: Маријана и Росана по 20 години пееја заедно во Скопје

Емоции, љубов, музика: Маријана и Росана по 20 години пееја заедно во Скопје

пред 10 месеци

Вчеравечер беше вистински мерак да се биде на заедничкиот настап на сестрите Маријана и Росана, кој по речиси 20 години ги запеа заедно своите евергрини. Во еден скопски локал, близначките повторно беа една до друга па заедно ги запеаја Признавам“ и „Едно срце имам душо“. Маријана повеќе од 30 години живее во Австралија, а летово е на одмор во Македонија. Идејата за нивниот заеднички настап е на Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, па вчера беше вистинско шоу со прекрасните песни кои не ја оставија публиката рамнодушна и која во еден глас пееше со сестрите. „Ајде да пееме заедно, оставете ги телефоните“, рекоа Маријана и Росана.

Маријана и Росана почнаа со „Едно срце“, па следеше „Признавам“. Запеаја песна од Даниела Мартиновиќ, па од Тајчи, а весело беше кога се пееше и „Свири ми брате цигане“, големиот хит на Росана и сега починатиот Ферус Мустафов. Емоции, љубов, музика, воздишки … се беше во една ноќ.

За посетување, на Охрид фест“ во 2003 година, тие последен пат настапија јавно заедно, со песната Ајде сестро да запееме“ и ја освоија првата награда.

 

 

Share
Scroll to Top