Холивудската актерка Ен Хатавеј во Њујорк е забележана во модел на јакна која е хит оваа зима. Јакната која ја носи актерката е на познатиот моден бренд „Монклер“.
Ен Хатавеј се одлучила за колоритен модел со принт кој привлекува внимание.
Нејзината цветна зимска јакна со интересен принт е од колекцијата „2 Монклер 1952“ и чини 5.325 долари. Кратката јакна Левијатан има графички принтови инспирирани од архивски текстил пронајдени во Комо, Италија, пишува „Вог“.
Хатавеј јакната ја искомбинирала со елегантни црни панталони, црни кожени чизми со врвки и класична чанта Шанел. Нејзината црна шапка исто така одговара на стилот со јакната. Коментарите на модните критичари се дека Ен со овој стајлинг го оживеала ликот на Енди Сакс во „Ѓаволот носи Прада“.