ЕХФ му посвети видео на Кире Лазаров: Ракометната легенда е нов селектор на Македонија

ЕХФ му посвети видео на Кире Лазаров: Ракометната легенда е нов селектор на Македонија

пред 3 години

Европската ракометна федерација му посвети видео на Кире Лазаров, неколку дена откако беше избран за селектор на ракометната репрезентација на Македонија. Видеото покажува различни периоди од кариерата на Лазаров и снимки од европските и светски првенства на коишто играше последните дваесет години.

„Крал, легенда, а сега нов селектор на Македонија…“, напиша ЕХФ и ги праша ракометните фанови што мислат за изборот на Лазаров за нов селектор.

Своето деби како селектор Кире ќе го има во март, кога репрезентацијата на Македонија треба да одигра два натпревари со светскиот шампион Данска. Истовремено тој ќе игра на натпреварите и ќе биде и капитен на тимот.

Share
Scroll to Top