Ешли Олсен се омажи тајно пред Нова година

Ешли Олсен се омажи тајно пред Нова година

пред 1 година

Модната дизајнерка и глумица, Ешли Олсен, тајно се омажила за својот долгогодишен дечко Луис Ајснер, пишува „Пејџ сикс“. Свадбената церемонија се одржала во приватен дом во Бел-Ер на 28 декември со педесетина гости.

Ешли и Луис се во врска од 2017 година. Во 2019 година американските медиуми пишуваа дека Ешли се свршила, но таа никогаш не потврди дека ќе се мажи. Со Луис се појави само еднаш заедно во јавноста, на хуманитарен настан во 2021 година кој го организирала непрофитната организација на аткото на Ајнснер.

Глумицата важи за една од најбогатите жени во филмската индустрија. Таа заедно со нејзината сестра близначка Мери Кејт, почнаа да глумат од бебиња во серијата „Полна куќа“, а потоа продолжија да снимаат филмови, серии и видео проекти, до тинејџерските години.

Иако веќе не глумат, голема поддршка се на нивната постара сестра, Елизабет Олсен, која е, исто така, глумица.

Последната деценија од својата кариера ја фокусираа на дизајнирање облека и не се појавуваат често во јавноста.

„Ние сме воспитани да станеме дискретни луѓе“, изјави Мери Кејт во една прилика за странските медиуми со што појасни дека близначките одлучиле да живеат далеку од јавноста во последните години.

Share
Scroll to Top