Порталот hollywood.com направи листа на актерите со највисок коефициент на интелигенција во Холивуд. Според нив, со коефициент над 130 се Никол Кидман, Мет Дејмон, Лиса Кудроу, Шерон Стоун, Џејмс Франко и Натали Портман. Ештон Кучер, Мет Дејмон и Квентин Тарантино имаат коефициент на интелигенција 160, исто колку и физичарите Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Мет Дејмон студирал на „Харвард“ и не го завршил факултетот, но нацртот за филмот „Добриот Вил Хантинг“ го напишал на час по англиски јазик. Квентин Тарантино не завршил ни средно училиште. Шерон Стоун има коефициент на интелегенција 154, а комичарот Стив Мартин има 142. Тој студирал филозофија и сакал да стане професор. Натали Портман има коефициент на интелигенција 140. Таа студирала психологија на „Харвард“ и има објавено два труда во научни списанија. Портман зборува пет странски јазици.