Жан-Пол Белмондо: Претепаната икона која криминалот го направи секси

Жан-Пол Белмондо: Претепаната икона која криминалот го направи секси

пред 5 години

Вчера почина легендарниот актер Жан-Пол Белмондо, ѕвездата на филмот „До последен здив“ . Беломондо, кој почина на 88 години, стана еден од најпрепознатливите актери во Франција поради сплесканиот нос и искривената насмевка.

Французите го нарекоа Бебел, а тој беше во 60 -тите и 70 -тите години на минатиот век, голем ривал на актерот Алан Делон кој пак денес изјави :  Бевме толку блиски, што ќе беше убаво да заминевме заедно.

Славниот актер роден е во 1933 година во добростоечко семејство кое живеело во предградието на Париз. Син на скулптор, тој посетувал голем број елитни приватни училишта. Покажал голем интерес за спорт и како тинејџер ја започна својата аматерска боксерска кариера. Но зарди јак бронхит морал морал да престане со боксот.

Кариерата на Белмондо траеше 50 години, а во шеесеттите отелотвори нов тип на машка ѕвезда. Па, така, класичната убавина ја замени со мажественост. Глумеше во над 80 филма , а работеше со исклучително познати француски режисери, од Франсоа Трифо до Клод Лелуш.

Неговиот неконвенционален изглед, од сплескан нос, полни усни и мускулеста градба, му овозможи да игра секакви улоги, од насилник до полицаец, од крадец до свештеник.

Со еден збор тој беше  претепаната икона, која го направи криминалот секси.

Актерската кариера ја почна во мали провинциски театри, а во Париз во 1958 го забележа надежниот режисер Годар, кој го повика да игра во краток филм.

 

Белмондо не го сфатил сериозно.  „Зборував со жена ми и таа рече, прифати, ако те малтретира, урди му ја една“, раскажа тој во интервју во 1999.

Првата улога му беше во 1960 во „Пресметај го сиот ризик“ на Клод Соте. Истата година играше во „До последен здив“, кој го најави францускиот нов бран. Белмондо во овој филм играше со американската актерка Џин Сиберг. Играше и во „Модерато кантабиле“, „Картуш“ и „Лудиот Пјеро“ а во 1988 освои „Цезар“ за „Патека на разгаленото дете“ на Клод Лелуш.

Тој беше хоспитализиран во 2001 година поради мозочен удар и не снимаше филмови до 2009 година. Потоа сними филм наречен „Човекот и неговото куче“, кој јасно ги покажа последиците од мозочен удар врз Белмондо.

Актерот беше во брак двапати, со колешката актерка Елоид Константин и танчерка Нати Тардивел. Тој исто така имаше голем број врски, вклучувајќи ја и сопственичката на ноќен клуб, Барбара Гандолф, со која се разведе во 2012 година.

Имаше четири деца: Пол Белмондо, Стела Ева Анџелина, Фиренца Белмондо, Патриша Белмондо и четири внуци.

Извор: Градијан, фото :  AFP

 

Share
Scroll to Top