Истражувачи го идентификувале вториот пациент со ХИВ-вирус што успеал да го исчисти од својот организам, без никакви антивирусни лекови. Според извештајот објавен во понеделникот во Annals of Internal Medicine, 31-годишна жена кај која е дијагностициран ХИВ во 2013 година, зела антиретровирусна терапија само шест месеци по бременоста за да го спречи пренесувањето на инфекциите на своето бебе.
„Сепак, повеќекратните софистицирани тестови, кои барале генетски доказ за ХИВ во крвта на пациентот, не покажале вирус во нејзините клетки“, рече доктор Ксу Ју, кој го предводел истражувачкиот тим кој известувал за случајот.
Тој бил главниот истражувач на Институтот „Рагон“ во Општата болница во Масачусетс, МИТ и на „Харвард“, како и вонреден професор по медицина на Харвардската медицинска школа.
Налозите сугерирале дека имунолошкиот систем кај пациентот бил во состојба да ги исчисти резервоарите на ХИВ, кои му овозможувале на вирусот да продолжи да се размножува, пишува „Тајм“.
Моментните лекови против ХИВ го намалуваат дејството на вирусот на ниво на кое тој не може да се детектира, но не и во целост да го исфрли од телото.
„Не постои начин да се каже дека имаме доказ оти кај овој пациент нема ниту еден вирус. Единствено што можеме да кажеме дека по анализите на голем број клетки на пациентот со технологијата во нашата лабораторија, не можеме да ја отфрлиме хипотезата дека пациентот веројатно достигнал стерилизација на ниво на природен имунитет“, рече Ју.
Имало и претходни извештаи за пациенти што престанале да земаат лекови против ХИВ и низ годините стигнале во фаза во која вирусот не можел да се детектира. Станува збор за Тимоти Реј Браун, кој е познат како берлинскиот пациент, и Адам Кастилеј, пациентот од Лондон.
Кај двајцата бил дијагностициран рак и имале корист од трансплантација на матични клетки за лекување, со што нивните имунолошки клетки ги замениле со оние од донаторот што имал клетки што можеле да ја блокираат ХИВ-инфекцијата.
Жената е втората пациент што очигледно го исчистила вирусот на овој начин. Тимот на Ју во 2020 година ја опишал како првата личност позната како пациентката од Сан Франциско.
Жената во моментот е бремена со второ дете, а Ју и докторите расправаат за тоа дали во нејзиниот организам има ХИВ-вирус и дали мора да зема лекови против него и за време на породувањето. Ова се насоки што се препорачуваат кај бремените жени што се позитивни на ХИВ.
Научниците ќе земат и примерок од нејзиното мајчино млеко за да утврдат дали во него има примероци од вирусот.
Тимот на Ју анализирал 1,5 милијарда клетки и ткива на пациентот Есперанзо во 2017 година барајќи некакви навестувања од генетскиот вирусен материјал, кој би можел да покаже присуство на вирусот, кој потенцијално би можел сѐ уште да биде активен и повторно да се реплицира. Но, засега не успеале да пронајдат такви докази.
Но, во исто време тие пронашле фрагменти на вирусни гени што укажувале дека овој пациент во еден момент е заразен со ХИВ.