Жена од САД прифатила предизвик и истиот фустан го носела 100 дена на себе

Жена од САД прифатила предизвик и истиот фустан го носела 100 дена на себе

пред 10 месеци

Сара Робинс Кол (52) го прифати предизвикот на социјалните мрежи и реши да носи ист фустан секој ден во период од три месеци.
Таа максимално го искористи својот црн фустан и го оправда купувањето.

Го носела на работа, на прошетка, додека се одмарала, па дури и на Божиќ.

Всушност, таа го носеше фустанот 100 дена, објави „Мирор“.

Сара, која живее во Бостон, САД, се приклучи на 100-дневниот предизвик за носење еден фустан во обид да живее без да купува облека и да помогне да се спаси планетата.

Таа толку многу уживаше што си постави нов предизвик следната година.

„На мое изненадување, носењето ист фустан 100 дена по ред не ми одзеде ништо од животот. Наместо тоа, ме инспирираше да одам чекор понатаму и да не купувам нова облека или додатоци. Сфатив дека на мои години имам облека за секоја пригода, а ако ми треба нешто посебно, облека имам од 1992 година“, изјави Сара.

Сара беше меѓу 250-те жени кои го прифатија предизвикот од 100 дена, предводен од брендот за облека „Wool &“.

Предизвикот беше создаден за да им покаже на учесниците како носењето само едно парче облека секој ден ги менува навиките за потрошувачка, ја намалува количината на алишта и помага да се спаси нашата планета.

На учесниците им било дозволено да го исперат и исушат фустанот преку ноќ, но доколку биле будни, се очекувало да го носат.

Секој што ќе го заврши предизвикот би добил ваучер од 100 долари, кој би можел да го искористи за да купи нов фустан.

Сара секој ден го комбинираше фустанот на различен начин. Го носеше во сите прилики, дури и на планинарење со семејството. Покрај тоа, таа секојдневно ги објавуваше своите модни комбинации на Инстаграм и правеше нови откритија за социјалните мрежи и модата.

„Поради овој предизвик почувствував неверојатен притисок на социјалните мрежи. За мене е важно луѓето да знаат дека овие фотографии не се моја вистинска слика. Мојот живот не е секогаш уреден и мирен како што се прикажува на социјалните мрежи“, објаснува таа.

Сепак, целиот предизвик и остави позитивен впечаток.

„Фустанот беше удобен и сосема обичен. Уживав во составувањето, иако понекогаш ми недостасуваа панталоните. Беше толку лесно секогаш да се носи истото наутро. Заштедив време и нерви. Предизвикот ме натера да размислам колку облека завршува на депониите, колку вода се троши за производство на памук и како навистина не знаеме дали облеката што ја купуваме е етички направена“, заклучи Сара.

Share
Scroll to Top