Жена пукала кон куќата на Ријана на Беверли Хилс: обвинета за обид за убиство

Жена пукала кон куќата на Ријана на Беверли Хилс: обвинета за обид за убиство

пред 3 часа

Жена од Флорида е уапсена и обвинета за обид за убиство откако во неделата пукала кон куќата на пејачката Ријана на Беверли Хилс, соопшти полицијата во Лос Анџелес, пренесе Дејли мејл.

Осомничената е идентификувана како 35-годишната Ивана Ортиз, на која ѝ е одредена кауција од 10,2 милиони долари. Во моментот на нападот Ријана била во куќата што ја дели со партнерот A$AP Rocky.

Според полицијата, осомничената од својот автомобил испукала повеќе куршуми кон адресата на пејачката. Според полициската радио-дoјава што ја пренесе Лос Анџелес тајмс, од бела „Тесла“ биле испукани најмалку десет куршуми пред напаѓачката да побегне. Во инцидентот нема повредени.

Полициски хеликоптер подоцна го забележал возилото на паркинг во населбата Шерман Оукс, каде што Ортиз била уапсена.

Извор близок до парот изјавил за Њујорк пост дека Ријана и A$AP Rocky не знаат многу за позадината на нападот. Потврдено е и дека раперот не бил дома во моментот на пукањето.

Полицијата соопшти дека случајот го истражува одделот за грабежи и убиства, а мотивот за нападот засега не е познат.

Share
Scroll to Top