Жељко Обрадовиќ е најдобар тренер во АБА лигата

Жељко Обрадовиќ е најдобар тренер во АБА лигата

пред 2 години

Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ, е избран за најдобар тренер во АБА лигата. Иако натпреварувањето не е во завршна фаза, сепак, индивидуалните признанија се веќе поделени. Обрадовиќ победи со 41 отсто од гласовите и зад себе ги остави тренерот Црвена ѕвезда, Дејан Радоњиќ (19,5% гласови) и Ненад Стефановиќ од ФМП (11,9 отсто гласови).

Жељко Обрадовиќ минатото лето се врати во Партизан со големи амбиции, а прва од нив е тимот да се врати во Евролигата. Партизан регуларниот дел од сезоната во АБА лигата го заврши како второпласиран зад Црвена ѕвезда со 22 победи и четири порази. Тие во полуфиналето од плеј-офот за ривал ќе ги имаат Будуќност или ФМП.

За потсетување, од следната сезона во АБА лигата се враќа и македонскиот тим МЗТ Скопје Аеродром.

Share
Scroll to Top