Жизел Бундшен и по разводот со Том Брејди рече дека секогаш ќе навива за него

Жизел Бундшен и по разводот со Том Брејди рече дека секогаш ќе навива за него

пред 1 година

Познатата светска манекенка Жизел Бундшен (42) во најновото интервју за Vanity Fair во средата зборуваше за бракот со Том Брејди (44) и нивното раскинување. Призна колку и било тешко да го гледа неговиот последен натпревар во НФЛ лигата.

Рече дека не само што навивала за Брејди, туку и ги критикувала неговите соиграчи за поразот.

„Му беше тешко, но да бидеме искрени. Тоа е тимски спорт и не може да се игра сам. Мислам дека се снајде многу добро со тоа со што располагаше“, рече Жизел.

Таа беше голем фан на тимот за кој играше Брејди во текот на тринаесетте години колку што беа во брак, а кој заврши во ноември минатата година.

„Секогаш го поддржував и ќе продолжам да го поддржувам. Ако има една личност за која сакам да бидам најсреќна на светот, верувајте тоа е тој“, рече Бундшен.

Иако некои ја критикуваа дека секогаш е против фудбалската кариера на Том, но таа таа за таквите обвинувања рече дека само и правеле штета. Додаде и дека ѝ било тешко, бидејќи поинаку го замислувала животот.

„Кога бев дете верував во бајки. Мислам дека е убаво да се верува во тоа. Мислам, толку сум благодарна што го направив тоа“, рече Жизел.

Share
Scroll to Top