Меѓу настаните со кои ќе се одбележат 120 години Илинден е и настапот на Дерик Меј на брегот на Преспанското Езеро на 2 август.
Журката на плажата Дупени ќе биде мал фестивал, бидејќи покрај Дерик Меј, ќе настапат и Алекс Есид, Дејан Декс, Фирма, Маци Стојановиќ, Монго и Омару, Стојче, Томи Бојаџи и браќата Узун. Цена на влезниците е 250 денари, а на денот на журката ќе бидат 350 и 500 денари.
Настанот го организира екипата од „Сектор 909“ и „Излет“.