Руски научници забележаа нов температурен рекорд на станицата Восток во централниот дел на Антарктикот, откако температурата во вторникот се искачи на -34,2 степени, соопшти прес-службата на Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот.
Во извештајот се истакнува дека ова е максималната температурна вредност за зимскиот период во историјата на набљудувањето, пренесува РИА Новости.
„Научниците од Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот ја забележаа максималната зимска температура во целата историја на редовни набљудувања на најстудената точка на Земјата, на станицата Восток во централниот дел на Антарктикот. На 6 август 2024 година, термометарот покажа минус 34,2 степени Целзиусови“, се наведува во извештајот.
Денеска температурата на станицата Восток се спушти на минус 48,8 степени, се додава во соопштението.