Загадувањето на авионите е веќе минато, научниците со решение за овој децениски проблем

Загадувањето на авионите е веќе минато, научниците со решение за овој децениски проблем

пред 3 години

Научници од Универзитеот во „Оксфорд“ велат дека можеби пронашле начин како да го намалат загадувањето, предизвикано во воздушниот сообраќај, пренесуваат медиумите.

Тие успеале да го претворат јаглен-диоксидот (CO2) во гориво со нулта емисија на отровни гасови. Техниката се состои од загревање на мешавини со лимонска киселина, водород и катализатор, составен од жива, манга и калциум, за да CO2 го претвори во течно гориво, за погон на авионите.

Како што пишува Endaget, овој пристап е евтин, едноставен и користи материјали кои ги има во изобиле, а значително е поевтин од процесот на претворање на водород и вода во гориво.

Горивото во моментов е произведено само во лабораториски услови и во минимални количини (само по неколку грама), но претставува голем напредок во производството на горива кои не ја загадуваат околината. За комерцијална употреба, потребно е уште многу работа и усовршување на техниките и процесот.

Во моментов, сè уште не е пронајден начин за ефикасно се соберат големи количини на јагледн-диоксид. Научниците се во потрага за индустриски партнери, кои би им овозможиле масовно производство. Кога би успеале во тоа, би добиле уште една алтернатива која би била исклучително популарна за авио-превозниците.

Воздушниот сообраќај на тој начин полека ќе се префрли на чисти енергетски извори, а многумина планираат и купување на електрични авиони или авиони кои користат и некои други врсти на горива. Предноста на споменатиот метод е тоа што нема да биде потребно да се менуваат авионите затоа што постоечките мотори веќе користат гориво засновано на CO2.

 

Share
Scroll to Top