Ѕвездата на филмот „Wonder Woman“, Гал Гадот, која е родена во Израел, преку својот профил на Твитер напиша дека нејзината земја е во војна.
„Загрижена сум за моето семејство, за пријателите, за мојот народ. Ова е опасен круг што трае предолго. Израел заслужува да биде слободен и безбеден, а и нашите соседи го заслужуваат истото”, напиша таа во својот твит.
Таа додаде дека се моли за жртвите и нивните семејства.
„Се молам ова непријателство да престане и нашите лидери да најдат решение за да можеме да живееме мирно едни покрај други“, порача Гадот.
— Gal Gadot (@GalGadot) May 12, 2021