Состојки:
- кори за пита
- масло
- 300 гр. рендан кашкавал
Состојки за прелив:
- 4 јајца
- 1 павлака
- ½ прашок за печиво
- 200 мл. павлака за готвење
- ½ супена лажица сол (опционално)
Подготовка: една кора завиткајте, па потоа ставете друга одозгора, нанесете малку масло и кашкавал, направете ја во облик на лепеза или хармоника и пренесете ја во плех за печење. Повторете го процесот додека има материјал.
Состојките за прелив ставете ги во сад преку питата. Печете на 180 степени 20-25 минути.