Фудбалерите на Наполи и Барселона, пред почетокот на натпреварот во Лига Европа испратија порака до светот да се запре со војната меѓу Русија и Украина.
Елмас со своите соиграчи и гостите од Барселона се појавија на теренот со транспарент и упатија порака за мир. За потсетување, натпреварот меѓу Наполи и Барселона на крајот заврши со 2:4.