Затвореничка обвини дека била жртва на трансроден силувач во женски затвор

Затвореничка обвини дека била жртва на трансроден силувач во женски затвор

пред 1 година

Затвореничката Лора Годлсмит, рече дека е жртва на напад од трансроден затвореник, додека служела затворска казна. Предупреди дека и трансродните лица не треба да бидат сместени во женски затвор. Лора рече дека била жртва на Карен Вајт, кој е осуден за сексуални деликти.

Вајт бил сместен во затворот во Њу Хол во Вејкфилд во западен Јоркшир. Бил е роден како Стивен Вуд педофил и сериски силувач кој е осуден на доживотен затвор за сторени најтешки дела. Сексуално нападнал две затворенички во Њу Хол.

„Нема сомнение дека некои мажи ја користат својата трансродност за да влезат во женскиот затовр. Тоа го прават или затоа што се плашат од затворениците во машкиот затвор или затоа што им се отвора можност да задоволат некои од своите перверзни нагони. Некои мажи се обидуваат да го злоупотребат системот и успеваат во тоа“, рече Лора за „МејлОнлајн“.

Рече дека и жените го згрозуваат системот кога меѓу нив ќе стават мажи предатори.

„Не смее да се дозволи во затворот да трпите насилство“, додаде таа.

Вајт во октомври 2018 година е осуден на доживотен затвор за силување на две жени и сексуален напад на две затворенички во периодот меѓу септември и октомври 2017 година. Во тој период почнал да го менува полот носејќи перика, шминка и лажни гради.

Судот оцени дека Вајт ја искористила својата трансродна личност за да стапи во контакт со ранливи жени.

„Вие сте предатор и голем манипулатор и по мое мислење, претставувате опасност. Постои голем ризик дека ќе им наштетите на децата, жените и општата популација“, рече судијата Кристофер Бети, објаснувајќи ја својата пресуда.

Вајт бил префрлен во машки затвор откако ги признал нападите, но негирал дека сексуално злоставувал две жени во затвор. Лора рече дека Вајт во повеќе наврати ја нападнал и ја заплашувал. Потоа објасни дека паднала во депресија и пончала да користи наркотици и како таква била лесна мета за напаѓачите.

Не го пријавила нападот на почетокот затоа што се плашела. Сега рече дека жали заради тоа и верува дека во иднина ќе спречи истото да им се случи на други жени затворенички.

За потсетување, големо внимание во јавноста неодамна предизвика и одлуката на шкотските власти за трансродната жена Исла Брајсон. Таа е е прогласена за виновна за силување на две жени пред да го промени полот и е сместена во машки затвор во Шкотска.

 

 

Share
Scroll to Top