Затворени „Интермецо“ и „Мош“ заради гласна музика и непочитување на работно времето

Затворени „Интермецо“ и „Мош“ заради гласна музика и непочитување на работно времето

пред 1 година





Скопските локали „Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа во период од 10 дена. Причината е непочитување на работното време и гласната музика.

„По поплаки од граѓани дека кафулињата не го почитуваат работното време, изминатиот викенд инспекторите на Општина Центар во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во 1.30 часот по полноќ по што беше констатирано дека забавата сè уште трае. Државниот пазарен инспекторат изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена“, рече градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

Решенијата локалите треба да ги добијат во текот на денешниот ден по што веднаш ќе бидат пломбирани.





Share
Scroll to Top