Затворска казна за сите психопати на интернет, бара Карлеуша по самоубиството на Кика Ѓуриќ

пред 2 години

 

Откако вчера се самоуби јутјуберката Кика Ѓуриќ (21), Јелена Карлеуша јавно побара во Србија да се донесе закон со кој ќе им се изрече казна затвор на сите што малтретираат и понижуваат други луѓе преку социјалните мрежи.

Карлеуша во својата порака напиша дека и таа е постојано на мета на медиумите и публиката и дека знае со што се соочувала младата девојка. Таа призна дека кога беше во центарот на вниманието поради секс-скандалот пред две години, и самата помислувала на најлошото.

„По повод страшните вести дека се самоубила наша јутуберка поради сајбер злоставување, прво сакам да изразам најдлабоко сочувство. Не сакам ни да ја замислам болката на семејството, на  мајката, во овој момент. Како личност која со години е на удар од медиумите и психопатите на социјалните мрежи, имам право да кажам дека на сите ни се крвави рацете, сите како општество сме виновни. Тоа што сум јас силна и што како животно научив од мала дека ќе ме навредуваат и напаѓаат, не значи дека секој е силен и не значи дека на тоа треба да се навикнете како да е нормално. Не е нормално да те навредуваат илјадници малоумници без слика и име на кои ниту едно зло не сум им направила“.

Карлеуша вели дека во 2019 година доживеала огромен медиумски линч, кога нејзини голи слики постојано се објавувале на порталите и на насловните страници на списанијата.

„Од стресот ми падна косата, но бев силна поради моите деца и мајка ми, па денес сум жива! Да имав 20 години како оваа девојка, резултат најверојатно би бил друг. Зар треба да се плашиме за животот на нашите деца? Сега треба да реагираме и да бараме закон со кој оние кои малтретираат други по социјалните мрежи ќе се осудат на затворска казна, јавно. На психопатите мора да им се застане на патот“, вели таа.

Пејачката откри и дека дневно блокира и по 1.000 профили оти преку пораки им се заканувале и им посакувале смрт, зло или болест на неа и нејзините деца.

„Младите станаа сурови, особено преку лажни профили на социјалните мрежи. Ако детето што злоставува е малолетно, последиците за неговото воспитување мора да ги сносат неговите родители. Кога ќе се донесе закон, и кога првиот ќе биде казнет, сличните на него два пати ќе размислат дали се исплати да бидат сајбер психопати. Местото на психопатите им е во затвор или во установа кајшто ќе ги лекуваат“, напиша Карлеуша.

За потсетување, Кика Ѓуриќ се самоуби на 21 година, поради психичко малтретирање преку социјалните мрежи. Таа стана позната пред две години, кога јутјуберот Бака Прасе јавно почна да ја понижува и исмева во своите видеа.

Се самоуби српската инфлуенсерка Кика Ѓукиќ, која пред две години беше јавно понижувана

Share
Scroll to Top