Зачини стари повеќе од 500 години пронајдени во остатоци на кралски борд во Балтичко море

Зачини стари повеќе од 500 години пронајдени во остатоци на кралски борд во Балтичко море

пред 1 година

Археолози пронашле ковчег со добро сочувани зачини, од шафран до бибер и ѓумбир, во остатоци на кралскиот брод што потонал пред повеќе од 500 години во Балтичкото море во близина на Шведска.

Потонатиот брод Грибшунд, кој бил сопственост на кралот Ханс од Данска и Норвешка, лежел на морското дно од 1495 година кога потонал, веројатно по пожар, додека монархот во тоа време бил на политички состанок во Шведска.

Потонатиот брод бил пронајден од спортски нуркачи уште во 60-тите години, но во последните неколку години се спроведувале посебни истражувања.

Во неодамнешно истражување предводено од археологот Брендан Фоли, од Универзитетот Лунд, пронајдени биле зачини закопани во седиментите.

„Балтикот е чуден – низок кислород и ниска соленост, ниска температура, толку многу органска материја е толку добро зачувана во Балтичкото море“, рекол Фоли, и тоа го смета за извонредно што зачините се најдени во толку добра состојба.

Зачините биле статусен симбол, бидејќи само богатите луѓе можеле да си дозволат да додадат на своето јадења шафран или бибер, кои беа увезени во Европа. Зачините веројатно патувале со кралот Ханс додека бил на состанок во Шведска.

Share
Scroll to Top