За Англичаните е ден на глупаците, за Германците ден на предавниците: 1. април во светот

За Англичаните е ден на глупаците, за Германците ден на предавниците: 1. април во светот

пред 3 години

Денеска е 1 април, Светски ден на шегата, кога многумина се трудат со својата досетливост да ги измамат и да ги насмеат другите.

Овој ден се обележува со векови, но неговото потекло е нејасно. Постојат различни толкувања, а едно од нив е дека овој „народен празник“ се појавил кон крајот на Средниот век во Европа, и претставувал општонародна веселба.

Англичаните мислат дека е преземен од истокот и го нарекуваат Ден на сите глупаци.

Финците го поврзуваат со пролетното подучување на децата за земјоделските работи, а слично е и во Швајцарија.

Постојат мислења дека корените на овој празник се во Стариот Рим, кој бил познат и по тоа што неговите граѓани знаеле добро да се забавуваат, смислувајќи различни шеги.

Други сметаат дека тој обичај се појавил во 16 век во Франција, околу 1564 година, а за оној кој бил насамарен имале обичај да кажат дека добил „априлска риба“.

Германците го сметаат први април за ден кога се ранливи и овој ден го поврзуваат со денот кога се родил предавникот на Христос, Јуда.

Во некои земји, како и во Македонија, постои традиција луѓето да се маскираат за први април.

Годинава,  како и претходната поради коронавирусот улиците не се преплавени со дечиња и луѓе кои маскирани шетаат по улиците, нема организирани настани, но сепак никој не ни забранува, да се пошегуваме на сметка на пријателите, роднините, колегите… но и да се маскираме, дури и за по дома.

Share
Scroll to Top