За медиумите Џони Деп е во љубов со адвокатката, таа пак го сака оти имал смисла за хумор

За медиумите Џони Деп е во љубов со адвокатката, таа пак го сака оти имал смисла за хумор

пред 3 години

Врската меѓу актерот Џони Деп и неговата адвокатка Камил Васкез е предмет на озборубање речиси од почетокот на судењето.

dobivaj vesti na viber

Тие двајца во неколку наврати беа фатени како се смешкаат и разменуваат нежни погледи, а Камил дополнително ги подгреа приказните со нејзината реакција на прашањето во врска со актерот.

Кога пред зградата на судот во Ферфакс ја прашале дали е во врска со Џони, таа само се насмеала и продолжила да зборува со насобраните фанови.

Сепак, набрзо пристигнаа тврдењата од извори блиски до Васкез дека таа е вљубена и во врска со еден Британец, и дека со Деп се зближила исклучиво поради случајот.

„Во врска со насмевките и допирите што некои луѓе ги забележаа меѓу Џони и Камил, ни беше кажано дека ѝ беше забавно. И  таа не можеше а да не се насмее на некои од неговите форми или неговата смисла за хумор. Што е уште поважно, Камил е среќно заљубена. Таа се забавува со еден Британец со кој е во сериозна врска неколку месеци“, навел американски „ТМЗ“.

 

Share
Scroll to Top