За пет години ќе имаме состаноци преку холограм, предвидува Марк Цукенберг

За пет години ќе имаме состаноци преку холограм, предвидува Марк Цукенберг

пред 2 години

Марк Цукерберг го претстави новиот Meta Quest Pro, уред за виртуелна реалност наменет за професионалци, со цена од 1500 долари. Тој беше гостин во подкаст интервјуто за Stratechery, каде што предвидува дека средбите преку холограми со аватари ќе станат реалност во следните пет години.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека нема ништо што би можело да нè спречи од пет години отсега да имаме ваков подкаст само со очила за проширена реалност, а сè уште изгледа како да сме во Тајван, додека вашиот холограм е во седиштето на Мета“, му објаснува Цукерберг на новинарот Бен Тмопсом во заедничко интервју со извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела за иднината на метаверзумот.

„Можам да држам 3Д модел на уредот и да ви го предадам, за да не биде само видео повик, нешто слично на кое навистина би можеле да комуницираме помеѓу работите, тоа би било неверојатно“, додава шефот Мета.

Цукерберг спомна дека сè што правеле во изминатите 18 години има за цел да ја направи човечката врска врвен човечки израз, во кој, како што вели, зголемената и виртуелната реалност ќе игра голема улога.

 

Share
Scroll to Top