„За пораз не сакаме пари“ - Пандев ја одби премијата од ФФМ, по поразот од Романија

„За пораз не сакаме пари“ – Пандев ја одби премијата од ФФМ, по поразот од Романија

пред 3 години

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, ја одби премијата од 40 илјади евра, со која од Фудбалската Федерација на Македонија им ја понуди на фудбалерите како награда за добрата игра и мотив пред следните два меча против Лихтенштајн и Германија.

По поразот од Романија (3:2), Пандев во името на сите фудбалери во репрезентацијата, јавно кажа дека пари за поразот не сакаат. Тој им порача на челниците на ФФМ, парите самите да си ги поделат.

„Ние пари за пораз не сакаме, меѓу себе разговаравме и ниту еден играч не прифаќа ваква премија. Нека си ја подели Управниот одбор таа премија меѓу себе“, рече Пандев.

За потсетување, правилникот околу премијата за победа во Букурешт, изнесуваше од 80.000 до 130.000 ера. За нерешен резултат оваа сума се движеше од 40.000 до 70.000 евра, додека за пораз сумата изнесуваше 40.000 евра.

 


Ќе ви се допадне

My Hero Academia Episode 13 at WCOStream ben 10 alien force wcostream

Wonder Egg Priority Episode 11 at ANIMEFLIX animeflix aot

4Anime

Share
Scroll to Top