За првпат по 80 години, родени слонови-близнаци во Шри Ланка

За првпат по 80 години, родени слонови-близнаци во Шри Ланка

пред 3 години

Слонови близнаци се родија во Шри Ланка, за првпат во последните 80 години, објавија индиските власти за заштита на диви животни. Слоницата Суранги (25 години) роди двајца машки близнаци, во сиропиталиште во Пинавала, а нивниот татко Панда (17), исто така живее таму.

Видеото од локалната медиумска куќа „Хиру“ покажува како слоновите јадат лисја околу нозете на нивната мајка. Експертите за слонови од Шри Ланка велат дека во земјата последен пат се родиле припитомени слонови близнаци во 1941 година. Една од најголемите туристички атракции во Шри Ланка, Пинавала, е основана во 1975 година со цел да се грижи за дивите слонови кои требало да бидат спасени или третирани од повреди.

Шри Ланка, со население од 22 милиони луѓе, е дом на околу 7.500 диви слонови.

Share
Scroll to Top