Звукот на белите дробови на пациентот се слушаше низ целиот ходникот на клиниката. Како што се приближував до вратата, видов една група на медицинскиот персонал обидувајќи се да му го олеснат дишењето со неколку боци. Додека тој се мачеше за малку здив, ја видов оваа дланка што ја држеше и се обидуваше да му даде надеж.
Иако пациентот ја изгуби борбата после три дена, оваа фотографија продолжува да живее. Овој момент секогаш ќе живее со мене“, вака ја започна својата приказната фотографката Арбнора Мемети која го фотографираше емотивниот момент додека физиотерапевтот Велимир Тричковски го држи пациентот за рака на смртна постела.
Од почетокот на пандемијата досега, раскажува таа, поминавме низ многу тешки моменти. Огромен број на животи се изгубени, а во тие последни минути, секој посакува да има некого кој барем ќе го држи за рака додека се бори за здив. Токму таков е Велимир Тричковски,вели таа, за физиотерапевтот од Инфективната клиника.
Нејзината фотографија од емотивен момент додека Велимир држи за дланка пациент на смртна постела, сега е пресликанa како тетоважа на раката на физиотерапевтот, во чест на сите дланки кои ги држел во борбата со ковид.
Физиотерапевтот Тричковски на својот Фејсбук профил ги објави истите фотографии и напиша кој ги објави неслучајнио
„Рака што помага.Во чест и сеќавање на сите дланки кои ги држев за време на борбата со Ковид-19. Заслугите за оваа уметност одат за Арбнора Мемети и Inkspired tattoo studio Skopje“, вели Велимир.
Фото: Арбнора Мемети и Велимир Тричковски