Здравствената состојба на Синиша Михајловиќ наеднаш се влошила, но лекарите успеале да го стабилизираат

Здравствената состојба на Синиша Михајловиќ наеднаш се влошила, но лекарите успеале да го стабилизираат

пред 1 година

Состојбата на Синиша Михајловиќ е сериозно влошена, пренесоа италијанските медиуми. Српскиот тренер три години се бори со леукемија, а досегеа два пати го победи ракот. Но и по успешната трансплантација на коскената срцевина, тешката болест повторно се врати.

Досега никој од семејството се нема огласено, а италијанските медиуми пренесоа дека неговата состојба наеднаш се влошила, но и дека лекарите успеале да го стабилизираат.

Италијанскиот новинар Иларио ди Џовамбатиста, на „Твитер“ напиша дека иако во последните неколку часа состојбата му многу влошена, сепак лекарите го стабилизирале.

„Михајловиќ е опкружен со семејството и тие му ја даваат целата помош и поддршка која му е потребна“, рече Иларио.

За потсетување, првпат му беше дијагностицирана леукемија во летото 2019 година, а по хемотерапијата и трансплантацијата на коскената срцевина успеа да закрепне. Во март рече дека болеста пак му се вратила, но дека била во зачеток и дека ќе мора пак да оди на терапија за да ја уништи.

Италијанските медиуми пренесоа дека исто како Михајловиќ и состојбата на неговиот добар пријател Вијали е влошена. Вијали веќе неколку години се бори со ракот па затоа и се повлече од местото помошен тренер на селекторот Роберто Манчини на италијанската репрезентација.

 

 

Share
Scroll to Top