Здравјето ми беше загрозено поради улога во филм, актерот Том Хенкс зборува за борбата со шеќерот

Здравјето ми беше загрозено поради улога во филм, актерот Том Хенкс зборува за борбата со шеќерот

пред 2 години

Том Хенкс повеќе од 10 години се бори со дијабетес тип 2. Познатиот актер во една прилика изјави дека веќе некое време се бори со високото ниво на шеќер во крвта.

„Отидов на лекар и ми рекоа: „Знаеш дека се бориш со висок шеќер во крвта од 36 години?-Имаш дијабетес тип 2“, рекол актерот.

Оскаровецот истакнал дека лекарите му рекле дека нема да има потреба да зема инсулин доколку се храни здраво.

„Ме гледавте во филмовите, како изгледав. Како вистински дебел идиот. Мислев дека можам да го избегнам со отстранување на пецивата од мојата исхрана, но ми требаше повеќе од тоа. Лекарите велат дека нема да морам да земм инсулин, ако продолжам да ја одржувам саканата тежина и ако продолжам да се хранам здраво“, додадл тој.

Хенкс исто така признал дека тој е одговорен за својата болест бидејќи не се грижел за исхраната.

„Испадна дека сум тотален идиот. Пред три години ми беше дијагностициран дијабетес тип 2 поради големите флуктуации во мојата тежина. Болеста кулминираше кога работев на филмот „Филаделфија””, рекол тогаш актерот.

Share
Scroll to Top