Зелената боја е ултимативен тренд оваа пролет

Зелената боја е ултимативен тренд оваа пролет

пред 5 години

Никој не ни помисли дека оваа нијанса ќе доживее толкава популарност. Зелената боја скоро преку ноќ стана нешто кое мора да го имате. Дизајнерите велат дека оваа пролет мора да имате барем едно парче во овој интересен тон.

Судејќи спрема фотографиите на Инстаграм, трендсетерките полудеа по оваа боја, па можеме да видиме бројни стајлинзи во кои токму таа игра клучна улога.

Зелената добро ѝ стои баш на секоја жена, без разлика дали е црнка, црвенокоса, бринета или русокоса, со оваа боја нема грешка. Освен тоа, лесно се комбинира и со останатите нијанси, а особено моќно и елегантно изгледа кога ќе се најде покрај беж бојата.

За оние малку посмели дами, тука е комбинацијата од зелена и црвена која изгледа феноменално и гарантира дека сите погледи ќе им бидат насочени во вашиот правец.

Share
Scroll to Top