Дваесет и двегодишниот Андреа Колонета од Италија одлучил да си истетовира QR код на раката, за да може да влезе секаде каде што ќе има потреба да покаже дека е вакциниран.
Во Италија зелената пропусница е задолжителна за влез во рестораните, кафулињата, музеите, театрите, базените, спа-центрите, кината, па дури и на концертите на отворено.
За некои ова е прилично бизарен, но, од друга страна и многу погоден начин за да се избегнат ситуациите кога не можете да докажете дека сте вакцинирани. Неговите родители исто така биле затечени кога виделе што направил, иако ова не му била прва тетоважа.
„Татко ми дозна за мојата намера преку социјалните мрежи. Се разбира ме советуваше да не бидам толку импулсивен и малку повеќе да размислам за моите постапки“, вели Андреа за „Кориере дела Калабрија“, а пренесува „РТС“.
Тој признава дека поради тетоважата станал многу популарен на „Инстаграм“ и „Тик-ток“, но дека не очекувал дека неговата тетоважа брзо ќе се рашири низ социјалните мрежи.
„На многу мои пријатели им се допадна тетоважата, иако имаше и такви кои ме навредуваа“, додава Андреа. Накратко, тој вели дека само треба да ја подигне раката за да влезе каде било.
@gabrielepelleronerealGREEN pass tattoo #tatuaggi #tattoo #tatuatori #greenpass #tatuaggio♬ LIMITS THE SKY – Mpax
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Реакцијата на актерката Џејн Фонда на Канскиот фестивал стана хит на социјалните мрежи
Од три јавни тоалети во Скопје ни еден не е во функција, ама има чичко што наплаќа за мочање
Пукање на аортата е причина за смртта на Енди Флечер основачот на бендот Депеш мод
(Видео) Лионел Меси е единствениот кој не се израдува на победата на ПСЖ, лут му е на Покетино зашто го извади предвреме од игра
Норвешка донесе закон, инфлунсарките ќе мора да нагласат кога фотографиите им се со фотошоп
Кафе-муабет со Агрифина Аликас: Работам со младенци и таа привилегија ми носи позитивна енергија
