Земји што се безбедни доколку избие трета светска војна

Земји што се безбедни доколку избие трета светска војна

пред 2 години

Минаа 77 години од последната светска војна, која однесе над десетина милиони жртви и која го уназади животот. Со изјавите на политичките и воените аналитичари кои постојано зборуваат за засилување на вооружувањето, не се поставува прашањето дали ќе има трета светска војна туку кога таа ќе избие.

Опасните воени реторики на светските сили, растот на тензиите и тероризмот, како и засилувањето на екстремистичките политики ширум светот не помагаат за  ситуацијата на глобално ниво да се стави под контрола.

Алберт Ајнштајн даде изјава дека не знае кое оружје би се користело во третата светска војна, но четвртата сигурно би се водела со камења, даде точен опис на страдањата што би биле предизвикани со вооружениот конфликт од светски размери.

Експертите велат дека и тогаш во светот ќе постојат држави што ќе бидат оаза на мирот, држави за кои се верува дека бидат релативно мирни.

 

Традиционално неутралната Швајцарија

Со планински терен, долгата традиција на неутралност, бројни бункери и многу вооружена војска, Швајцарија без сомнение се докажа како безбедно засолниште во текот на крвавата историја на Европа. Иако е опкружена со Германија, Франција и Италија, за кои аналитичарите велат дека веројатно многу брзо ќе бидат цели на нуклеарни бомби, Швајцарија ќе биде заштитена од опасните зони благодарение на планините кои ја опкружуваат. Бројното население во високите планини би можело да најде спас во случај на атомска војна.

 

Доволно изолирани за никој да не ги допира

Тувал, Нов Зеланд, Исланд и Бутан немаат силна одбрана, но се доволно далеку за да немаат никакво стратешко или економско значење за потенцијален напаѓач. Само Нов Зеланд и Бутан имаат војска од околу 9000 и 6000 активни војници, но никој со нив не би влегол во конфликт. На Глобалниот мировен индекс, Нов Зеланд е четврт. Нивниот интерес е чистата вода и плодното тло, што им овозможува да преживеат без другите.

 

Чиле има природна заштита

Чиле е заштитен речиси со непробојна бариера, Андите на својот западен дел и океанот на источниот дел. Освен тоа, јужната хемисфера на Земјата има поквалитетен воздух (помал број  градови, популација, индустрија и воздушна маса меѓу северот и југот, најчесто остануваат одвоени), па е многу помалку потенцијална цел од нуклеарен напад, во однос на други земји.

 

Данска има адут

Нема сомнение дека Данска би настрадала во големата европска војна поради тоа што е дел од НАТО и е опкружена со големи европски држави, но таа има еден адут во рацете – Гренланд. Овој најголем остров во светот е оддалечен, изолиран и политички неутрален, а истовремено е и со голем планински терен. Гренланд е самоуправувачка автономна територија под суверенитетот на Данското Кралство, па се претпоставува дека извесен број Данци таму би побарале засолниште.

 

Земја што е подобро да се заобиколи

Малта, шумен медитерански остров, во текот на историјата успешно одолевал на бројните обиди на освојување, од крстосувачи до напади на разни царства. Секој потенцијален напаѓач добро би размислил пред да изврши скапа инвазија, а релативно малата големина на државата не би ги оправдала фрлањето на цели нуклеарни ракети, па се претпоставува дека завојуваните страни веројатно ќе ја игнорираат оваа земја.

 

Ирска не војува

Ирска е просперитетна и развиена држава, а најважно е што нема никакви воени сојузи со која било сила која би можела да учествува во третата светска војна. Ирска има политичка независност, не е членка на НАТО и има долга историја на воена неутралност. Според ирскиот закон, Ирска има право да се дигне на оружје исклучиво ако тоа го одобрат Обединетите нации.

 

Фиџи е предалеку од сè

Фиџи лежи во Пацификот и  оддалеченоста од неговите речиси илјадници острови и островчиња од првото копно е огромна. Така изолиран, Фиџи е безбеден од потенцијална инвазија. Жителите, кои ги има во мал број, околу милион, се безбедни, а нивната влада е воено неутрална.

Share
Scroll to Top