Златко Ориѓански: Доктор Софијанова ноќеска го спаси животот на моето дете

пред 3 години

Композиторот Златко Ориѓански на својот „Фејсбук“ вчера напиша дека Д-р Аспасија Софијанова го спасила животот на неговото дете. Тој јавно ѝ се заблагодари за сè што направила за неговото семејство, па вели дека кога е човечкиот живот во прашање, не се важни ни верата ни политиката.

„Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки ВМРО, јас сум контра ВМРО, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не! На крајот, таа ми подари своја книга, јас ѝ подарив моја музика. Животот е сепак, над сè! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас“, напиша Ориѓански.

Share
Scroll to Top